(ВИДЕО+ФОТО) СТРАШНО – ДОБИЛА „УБАВ“ ПОДАРОК ЗА 18. ГОДИНИ БРАК: Се вратила од службено патување и затекнала ПРАЗЕН СТАН без сопругот кој и направил многу ГРДА РАБОТА!


Американката Порша Мур Росмон (34) од Нешвил ја дочекал ладен туш на враќањето од службено патување од Лас Вегас. Сопругот по 18 години брак ја напуштил и и’ го испразнил речиси целиот стан.
„После 18 години, ме оставаш вака? Се што имам сум јас, и јас сум во ред со тоа”, рекла Порша во видеото што го снимила за TikTok. Видеото е прегледано повеќе од 1.600.000 милиони пати.

@cupoflove7After 18 years this is how you leave me? All I have is me. I am okay with that. #rue21BeYouChallenge #lovestory #gonewrong♬ original sound – Porsche Moore


Порша во видеото објаснила дека била на конвенција пет дена во Лас Вегас, Невада, и кога се вратила дома на 7. август открила дека нејзиниот сопруг и повеќето од нивните предмети исчезнале.
„Ова е мојот стан откако се вратив дома од Вегас“, вели таа пред камерата, покажувајќи кон дневната соба и кујната. Немаше мебел во собите, останаа само купишта предмети.
„Мојот сопруг го нема. Ми го остави мојот накит тука во оваа соба”, продолжила таа. „И, да, тој зеде се друго, вклучително и некои предмети што ми припаѓаа само мене“.
Порша објаснила дека Брајан и го земал креветот, како и машината за перење и фенот, ја прекинале услугата за интернет, така што таа повеќе не може да работи од дома.
Кога влегла во нивниот празен плакар, таа рекла дека исчистил се освен нејзината венчаница, која се уште виси во торбата со облека.


Порше за The Shade Room изјавила дека не се слушнала со Брајан откако заминал, велејќи дека не оставил писмо или објаснување. Таа исто така рекла дека тој го блокирал нејзиниот телефонски број и страници на социјалните мрежи со цел да се осигура дека нема да може да стапи во контакт со него кога ќе се врати дома.
Порша рекла дека таа и нејзиниот сопруг имале проблеми во бракот, но немала идеја дека тој планира да ја напушти. Според неа, тој не бил задоволен што таа е претприемач и и дал ултиматум: кариера од соништата или нивниот брак. Сепак, таа истакна дека тие никогаш не донеле никаква одлука да ја прекинат својата врска. Таа рекла дека бил многу симпатичен пред да замине на патување, и дури спиеле заедно ноќта пред нејзиниот лет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Песочен колач – богатство на вкусови

Песочниот колач е десерт кој воодушевува со богатството на вкусови и едноставноста на подготовката. Чоколадна …