„Веднаш се видело дека не е добро. Изненадувачки, но брзата одлука самиот да си го извади клинецот од срцето можеби му го спасила животот“, рекол лекарот после успешниот зафат.
Арон е искусен столар и производител на мебел од Вудлендс, Тексас. Тој ја извршува оваа работа веќе 20 години, а она што му се случи пред еден месец, никогаш нема да се заборави. Работел со пиштол за клинци кога се заглавил затоа што компресираното црево за воздух се заплеткало.
Тој го поправил, но од далечина од околу 30 сантиметри, случајно си пукал во градите, во пределот на неговото срце. Во еден момент неговиот живот му поминал пред неговите очи, тој верувал дека е крај. Клинецот бил долг околу 7,5 сантиметри и Арон со прстите го откорнал од срцето.
„Тој се заби во мене целосно, до главата. Со ноктите го извлеков. Мислев, готово е, ќе умрам. Тогаш паднав во несвест“, се сеќава тој.
Клинецот дошол до срцето, а да се повлече во таква ситуација е многу ризичен потег затоа што може да искрвари. Но, Арон не размислувал за тоа во тој момент,туку автоматски посегнал по клинецот.
Додека лежел на подот, неговиот вработен повикал брза помош. Им рекол:„Мојот шеф сам си испука клинец во срцето. Неговите очи се извртеа“. Потоа ја повикал сопругата Лиз и и’ рекол дека Арон наскоро ќе биде пренесен во болницата и се надева дека операцијата ќе му го спаси животот.
„Поминаа 40. минути од несреќата и од времето кога го пренесоа во болница. Можам да кажам дека тоа беа најдолгите 40. минути од мојот живот“, рекла таа подоцна.
Арон веднаш бил сместен во операционата сала, па дури и Др. Тимоти Хоџис, кој го оперирал, бил видно шокиран од тоа што го видел.
„Веднаш се виде дека не му е добро. Изненадувачки е но брзата одлука да си го извади клинецот од срцето можеби му го спасило животот“, рекол лекарот после успешниот зафат.
Излегол од салата, и пришол на сопругата на Арон, ја прегрнал и и’ рекол дека се ќе биде во ред. И, навистина, овој столар толку добро и брзо се опоравил што веќе се вратил на работа. И тој и неговата сопруга веруваат дека „Бог бил со него тој ден и дека му го спасил животот“, пренесува Daily Mail.