„Пушев во хотелската соба и таа ме праша дали може да проба малку. Прво не ѝ дозволив, но потоа се согласив. Што и да речев или направев, таа на крајот ќе пробаше…“
Кога пејачката Ејми Вајнхаус почина од труење со алкохол на 27-годишна возраст, многумина за тоа го обвинуваа нејзиниот поранешен сопруг, Блејк Филдер-Цивил, кој и сам призна дека тој прв ѝ дал хероин, но седум години подоцна, во едно од ретките појавувања во јавноста, одлучил да ги негира обвиненијата против него.
Во емисијата „Good Morning Britain“, Блејк проговорил за нивниот однос, но и за заедничката зависност од дрога.
„Еми и јас бевме заедно шест или седум години, со прекини. Нашата врска беше турбулентна, ако сакате тоа така да го наречете. Имавме едно подолго раскинување, кое беше медиумски проследено, но потоа се смиривме. Со години ме прогонуваа поради дрогирањето, но вистина е дека ние двајца се дрогиравме некои шест месеци, за време на нашиот брак, и тоа беше сè. Претходно Еми не земаше дрога, само пушеше марихуана, а јас земав хероин само четири или пет пати“, рекол Блејк.
На прашањето од водителот, дали чувствува некаква вина поради нејзината смрт, одговорил:
„Секогаш ќе се чувствувам виновно, но повеќе не можам да бидам единствениот човек кој е виновен. Еми не правеше ништо против своја волја, таа сама го сакаше тоа! Секогаш ќе го носам товарот на вина и денес мислам дека требаше поинаку да се однесувам“.
Пред пет години зборуваше друго и призна дека Еми поради него пробала хероин.
„Пушев во хотелската соба и таа ме праша дали може да проба малку. Прво не ѝ дозволив, но потоа се согласив. Што и да речев или направев, таа на крајот ќе пробаше. Секако дека сега жалам поради тоа, не само поради штетата која ѝ ја нанесов неа, туку и поради загубата која ја доживеа нејзиното и моето семејство, па и самиот јас. Сешто поминавме поради таа зависнот“, раскажа за „Independent“ во 2013-та година.
Тогаш исто така открил и дека се развел од Ејми бидејќи тоа од енего го барал нејзиниот татко Мич,
„Тогаш бев во затвор. Ми рече дека, ако навистина ја сакам, ќе се разведам од неа и ќе ја оставам да живее па тоа и го направив. Ејми и јас зборувавме за тоа и одлучивме дека прво ќе се разведеме за да не остават на мир, но дека во иднина веројатно повторно ќе се венчаме“, рекол тој.
Фото: Wenn