Аргентинката Едит Касас се омажила, на Денот на вљубените во 2013. година, со маж осуден за убиство на нејзината идентична сестра близначка.
Многумина ја осудиле за нејзината одлука да биде со убиец, а не доаѓало во предвид да се омажи за него, но таа верувала во неговата невиност и решила да остане покрај него и покрај тоа што тој добил 15. години затвор.
Нејзиниот младоженец, Виктор Чинголани и момчето на нејзината сестра, Јохана, Марко Дијаз, со кој се забавувала до нејзината смрт, биле единствените кои се забележани на местото на злосторството.
Адвокатот на Чинголани, Лукас Цекон, поднел жалба. Едит останала убедена во невиноста на Чинголани, инсистирајќи на тоа дека тој е „човек кој не би повредил ниту мравка“. Таа го посетила во затвор и се договориле да се венчаат. Чинголани тврдел дека неговата врска со Јохана била „случајна“, туку тој бил заљубен во Едит.
– Имаме многу заеднички работи и таа не е љубоморна – изјавил Чинголани за аргентинскиот весник Clarin.
Родителите ја осудиле младата Едита, а додека нејзината мајка се обидувала на суд да докаже дека е луда и неспособна да одлучува, нејзиниот татко одбил:
– За мене и двајцата се мртви – рекол и додал:
– Јохана е со Бога, а Едит со ѓаволот.
Никој не сакал да присуствува на свадбата, а покрај семејството, против нивниот брак се спротивставиле и соседите. Поголема група на луѓе се собрала пред општината каде се одржала свадбата, кои кон зградата фрлале со камења и јајца.
2. La mujer que se casó con el asesino de su hermana gemela.
Edith Casas es una mujer que se casó con Victor Cingolani, el hombre que le quitó la vida a su hermana gemela.
Edith cree que Victor es incapaz de hacerle daño a una mosca y que fue condenado por error. (+) pic.twitter.com/HdJcoLpYMn
— Una pelirroja ahi☣ (@Unatalpelirroja) August 22, 2022
Невестата изјавила дека нејзиниот младоженец Виктор Чинголани не е виновен за убиството на нејзината сестра близначка Јохана пред две години.
Тој самиот тврдел, дека по жалбата ќе се утврди дека е невин.
Веднаш по венчавката, Виктор бил вратен во затвор со лисици, а Едит чекала со часови толпата да се разиде за да може безбедно да си оди дома.
Сепак, приказната има среќен крај. Имено, жалбата на адвокатот на Виктор била прифатена и тој бил пуштен од затвор, а тие продолжиле да уживаат во својот брачен живот.
Фото: Принтскрин/YouTube