„На Инстаграм ме следат повеќе од 40 милиони луѓе, но никој не знае што навистина чувствувам“, со овие зборови започнува трејлерот за реалити серијата „Soy Georgina“, која дава увид во секојдневието на партнерката на еден од најдобри фудбалери во светот – Кристијано Роналдо.
„Оваа година а миг го доживеав најдобриот и најлошиот момент во мојот живот“, вели Георгина, а на трејлерот се прикажани клипови од нејзините солзи и креветчето, што укажува на смртта на нејзиниот син за време на породувањето.
View this post on Instagram
„И животот е тежок“, вели Родригез, „Но животот продолжува. Имам мотив да продолжам, да бидам силна. Крис ме расположи и ме мотивираше да продолжам со моите должности“.
Таа раскажала како Роналдо и рекол: „Џио, продолжи со животот, добро ќе ти дојде“ и истакнала дека приоритет и е семејството и нивните деца.
View this post on Instagram
„Многу сум среќна и благодарна. Мили, се вратив“, вели Георгина додека на трејлерот се прикажуваат клипови од нивниот секојдневен живот, поминување време со своите деца, пријатели и славење на трофејот.
View this post on Instagram
Во трејлерот, Родригез го допрела и Кристијано, кого го опишала како „љубовта на нејзиниот живот“. „Се чувствувам како супермајка. Јас сум мајка, сестра, пријателка, сопруга. Јас сум Георгина”, вели таа на крајот.
Втората сезона на реалити серијата „Soy Georgina“ пристигнува на Нетфликс на 24 март.
Фото: Принтскрин/Instagram