(ВИДЕО+ФОТО) Познат рапер починал откако бил избоден со нож: Еминем се прости од својот пријател со емотивна порака

Раперот е жртва на улична тепачка
Пат Стаи, бил убиен во центарот на Халифакс. Како што потврдила обдукцијата, младиот рапер добил смртоносни повреди од убод со нож. Кобниот настан се случил во неделата нешто по полноќ.

View this post on Instagram

A post shared by Pat Stay (@patstay_902)


Иако брзата помош пристигнала многу брзо, Пат починал на патот кон болницата. Причината за конфликтот се уште не е позната. Според странските медиуми, раперот бил многу почитуван во музичкиот свет. Имал голем број следбеници на социјалните мрежи, а неговата нова песна која ја објави два дена пред трагедијата веќе има над 50.000 прегледи на Јутјуб.


Еминем се простил од популарниот рапер преку социјалната мрежа Твитер:

– Хип-хопот загуби еден од најдобрите борци на сите времиња… Кралот никогаш не умира – стои во објавата.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Наташа Миха на музичката сцена со нова песна и видео насловена „Инферно“

После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се врати на …