(ВИДЕО+ФОТО) ПОСЛЕ 3. ГОДИНИ УАПСЕНА МАЌЕАТА ОД ПЕКОЛОТ: Платила за убиството на сопругот- милионер и неговите деца

„Маќеата од пеколот“ е уапсена по три години бегство под сомнение дека ги убила нејзиниот сопруг милионер и неговите деца, откако тој ја оставил поради наводна афера со нејзиниот посинок и колега.
Беренис Аланис е уапсена во средата во хотел во мексиканското одморалиште Акапулко, пишува Daily Mail.
Апсењето било извршено кога гостин го препознал нејзиното лице од потерница, објави новинската мрежа Теледиарио.
Тој со мобилниот телефон снимил каде се движи Беренис и ја известил полицијата.

This image has an empty alt attribute; its file name is makea-od-pekolot-jpg.jpg


Властите соопштија дека Аланис, наводно, изнајмила убијци кои дошле во теретана во Мексико Сити во сопственост на нејзиниот сопруг Џејкоб Кесада (51) на 5. април 2019. година и го убиле заедно со неговиот син Џејкоб Кесада Џуниор (25) и ќерката Патриша Кесада (24).


Аланис била приведена неколку дена по тројното убиство, но судијата ја ослободил со кауција, по што таа побегнала.
Таа, наводно, била видена во градовите Керетаро, Идалго, Пуебла, Гереро и Лас Вегас додека била во бегство од властите.
Во 2003 година, Аланис го ангажирала Џакобо Кесада како дел од екипата за чистење на салата, по што почнале љубовна врска. Поради неа, тој ја оставил сопругата Патриша Арелано а тој и Беренис се венчале.

This image has an empty alt attribute; its file name is makea-od-pekolot-1-jpg.jpg


Џакобо Кесада и неговите деца ја прифатиле како семејство и отишле на одмор заедно, вклучително и во посета на Њујорк каде што направиле шопинг и присуствувале на натпревар на Њујорк Јенкис.

Џејкоб поднел барање за развод во 2018. година, откако открил дека Аланис го изневерувала и спиела со неговиот син Џејкоб Кесада Џуниор и уште еден вработен во теретаната.
Ноќта на убиството, Џејкобо Кесада бил со своите деца во својата канцеларија во теретаната кога Беренис дошла да вежба.

This image has an empty alt attribute; its file name is makea-od-pekolot-2-jpg.jpg

Таа побарала од вработен во теретана да ѝ помогне да вежба. Во тој момент убијците влегле во теретана и се упатиле кон канцеларијата каде ги убиле Кесада и неговите деца.
Инспекторите се посомневале во Беренис откако таа присвоила голем број луксузни возила на Џејкоб, вклучително и две корвети, и сите ги продала.
Судијата наредил нејзино апсење на 20. декември 2019. година, откако обвинителите презентирале докази дека таа го испланирала убиството откако дознала дека била изоставена од тестаментот и дека нема да може да го добие богатството од 20. милиони долари на нејзиниот сопруг.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Пет години без нашиот актер Васо Ангелов

Васо Ангелов е роден во 1938 во Ваташа. Уште како ученик во основното училиште а …