(ВИДЕО+ФОТО) Пензионерот кој рече „не постои грип“ и го насмеа целиот регион неделно вежба неколку часови – во младоста бил манекен!

Умот лекува и уништува се. По утрото денот се познава…

Талјати Тони Селмани (82) е името на пензионерот кој го насмеа целиот регион. Тој станал познат по изјавата дека „не постои грип“. Хрватските РТЛ веднаш успеале да стапат во контакт со него, каде расположен и весел во најгледаната хрватска тв емисија „РТЛ Директ“ им раскажувал за своите дневни ритуали,здравјето, но и дека и во младоста бил познат. Кога бил млад работел како манекен и тоа реклами за „Вартекс“, „Каменско“, а за „Питралон“ снимал реклами до пред 10 години.


Инаку, тој е роден во Албанија, а во Загреб се сели во 1960, по отслужувањето на воениот
рок. Работел и за Хрватски телеком.


За тоа дека и тој и сопругата се еден од најубавите парови во Загреб, потврдуваат и
соседите:
„Отсекогаш беа убав и сладен пар. Сите најмногу го паметиме по рекламата за Питралон, па
кога бевме деца го викавме ’Питраломпи’. На пазарот сите го знаат како Манекен. Тој и
сопругата отсекогаш се убаво облечени, пристојни, вистински манекени“, вели сосетката
Марина.


Тони открил и дека цел живот има 70. килограми, ма што да јадел и пиел. Но, за фит изгледот дури и во деветата декада, може да му се заблагодари на вежбањето.
„Во младоста тренирав боречки вештини. Инаку, и денеска, вежбам по 2-3 часа неделно. Без исклучок“.

Тони Селмани вели дека никогаш не бил болен и смета дека болеста не постои.
„Умот лекува и уништува се. По утрото денот се познава. Додека лежиш ги ставаш рацете зад грб, две перници под нозе, да ти бидат рамни. Телото вежбајте го со духот“, објаснува Селмани. Понатаму додал и дека вежба како и дека вежбите ги осмислувал сам.
Господин Селмани објаснува дека се мие со ладна вода, а смета дека, без оглед на времето, сите би требало времето да го минуваат вон домот. Движење и вежбање, за него се најважни работи, а би било добро ако сте во пензија, тврди тој, а вежбање барем три часа неделно.

За потсетување, тој стана популарен благодарение на изјавата за N1 телевизија за здравјето, а која за за неколку дена имаше повеќе 400.000 прегледи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) И излегло „мозолче“ се испоставило дека е РАК! Упорно ги игнорирала овие симптоми

„СЕКОГАШ сум била внимателна на сонце. Но, неколку лоши изгореници од моите тинејџерски денови беа …