Есенските јаболки пристигнаа и време е да ги искористите…
Фил: 5 јаболки, 100 г шеќер, 170 г путер
Тесто: 240 мл топло млеко, 1 лажица шеќер, 1 кесичка сув квасец, 500 г брашно, 2 јајца, 1 лажичка сол, 180 г путер, 1 шолја кафеав шеќер, 2 лажички цимет
Подготовка: јаболките ислупете ги, исчистете и исечете на третини. Во тиган кармелизирајте 100 г шеќер па додајте путер а потоа и јаболките. Нека се’ се крчка 5. мунути, па јаболките ставете ги на дното на округла тава а сокот полијте го врз нив и оставете на страна додека го подготвувате тестото.
Во длабок сад истурете го млекото, па додајте една лажичка шеќер и квасец, се’ измешајте. Оставете квасецот да стаса па додајте 2 изматени јајца, а потоа и брашно и сол. Се’ замесете во тесто кое ќе го префрлите на работна површина па убаво ќе измесите. Додајте околу 80. г путер па месете уште малку. Потоа тестото расукајте го и намачкајте со остатокот путер. Преку тоа додајте шеќер и цимет. Исечете ленти од тестото со ширина од 5 см, а потоа лентите завиткајте ги во голема топка. Тестото расукајте го и префрлете врз јаболките и оставете да стасува околу половина час. Така подготвено префрлете во рерна загреана на 180 степени и печете околу 45. минути.
Послужете убаво изладено.
Giant Apple Pie Cinnamon Roll 🍏
Gepostet von Twisted am Freitag, 4. Oktober 2019