Бранислав Радуловиќ е пензионер од Коман, кој по 34 години пензионирање, во деветтата деценија, решил да се врати во студентските клупи.
Моментално е најстариот бруцош на Црногорскиот универзитет. Влегол на Машинскиот факултет, каде веднаш бил пречекан од студенти и професори.
„Сакам да докажам дека ние старите не сме за фрлање. Дека во нас има потенцијал што може да се искористи“, вели Бранислав за РТЦГ.
Бранислав бил мотивиран да ги искористи пензионерските денови за да студира од неговата внука, која неодамна докторирала право во Белград. Сепак, вели тој, семејството не е воодушевено што на 88 години решил да биде бруцош.
„Годините си го земаат данокот, од Подгорица сум 15 километри, возам секој ден во двата правци и ако нешто се случеше, секогаш ќе беше крив дедоро“, вели тој.
Поради новите технологии, вели Бранислав, учењето денес се разликува од времето кога дипломирал на Геодетското училиште во 1950-тите. Колегите му помагаат да го совлада материјалот, па засега не му е тешко да ги дели студентските клупи со 70 години помлади од него.
„Така ги собирам моите и нивните години и делам, а млад сум како нив. Генерално, не сум ниту најлош, ниту најдобар, златна средина, тоа е тоа“, вели Бранислав.
Фактот што некој на негова возраст за прв пат посетува Машински факултет на почетокот било големо изненадување за студентите и професорите.
Неговата приказна подетално можете да ја погледнете подолу!
Фото: Принтскрин/Facebook