Новак Ѓоковиќ привлекува големо внимание на Ролан Гарос и кога не игра натпревари.
Освојувачот на 22 Грен слем трофеи нема да биде на теренот на првиот натпреварувачки ден, в недела на 28 мај, но затоа тренира.
Novak is back 👊@DjokerNole | #RolandGarros pic.twitter.com/nazo0VAhUG
— Roland-Garros (@rolandgarros) May 25, 2023
Големо внимание привлече саботниот тренинг меѓу Ѓоковиќ и Русинот Карен Хачанов на стадионот „Сузан Ленглен“.
Атмосферата е фантастична, трибините исполнети како Русинот и Србинот да играат натпревар!
View this post on Instagram
Тоа можеби ќе се оствари, но малку подоцна на турнирот, бидејќи третиот и 11. носител се во иста четвртина од ждрепката.
Затоа би можеле да се сретнат во четврт-финалето, но пред тоа и двајцата ќе имаат многу работа.
Погледнете го приложеното видео за да видите каква беше атмосферата на тренингот.
Djokovic 🫶🏼🫶🏼🫶🏼🫶🏼 pic.twitter.com/yUO5niTMIP
— RVN10 (@PeutLespoir) May 27, 2023
Фото: Принтскрин/Twitter