Унгарскиот политичар Золт Боркаи се нашол во центарот на скандал кога биле објавени фотографии од него во друштво на неколку проститутки, а се појавиле и снимки од секс со една жена.
Поточно, на еден блог започнале да се објавуваат статии за градоначалникот на унгарскиот град Ѓер и поранешниот претседател на унгарскиот олимписки комитет. Унгарскиот новинар,Боркаја обвинува за злоупотреба на службената должност, корупција, употреба на дрога и проституција.
После текстовите следеле и снимки и фотографии.
На блогот „Ѓаволски адвокат“ е откриено дека станува збор за градоначалникот Боркаи, кој е инаку и бивш олимписки првак во гимнастика. Вториот човек е Золтан Ракосфалвиј, еден од највлијателните бизнисмени во Ѓер.
На интернет потоа се појавиле фотографии и снимки од патувањето со јахта по Јадран, а се’ е снимено во близина на Дубровник. На нив се градоначалникот и неговиот пријател со проститутки. На една слика се гледа и секс со една од тие девојки, а видеото е објавено и на една од најпопуларните порно страници.