Холандската уметница Рајацена има неверојатни можности и талент бидејќи може истовремено да црта фантастични портрети со рацете и нозете.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека Рајацена ги користи сите четири екстремитети за да црта „хипер-реалистични“ илустрации кои изгледаат како фотографии. Таа може да нацрта дури шест портрети во исто време.
View this post on Instagram
Почнала да црта кога имала 16 години.
„Идејата ја добив во 2019 година во желба да бидам попродуктивна. Претходно не создавав уметнички дела поради здравствени проблеми. Не вежбав, само почнав да цртам”, изјави Рајасена.
View this post on Instagram
Благодарение на својот талент, таа привлече голем број фанови на социјалните мрежи.
Скенирањето на мозокот покажал дека тајната на нејзиниот талент можеби лежи во тоа што спротивните страни на нејзиниот мозок се подобро поврзани отколку кај просечниот човек.
„Врската помеѓу левата и десната хемисфера е целосна и три пати поголема од нормалната. Тие разменуваат информации многу брзо“, додала таа.
Цртањето на нејзините портрети може да потрае и до 40. часа.
„Мултитансингот е константно присутен додека ги работам сите цртежи. Го менувам фокусот. Последните портрети се направени со моливи и боја, но не размислувам за техниките што ги користам. Се трудам да изгледаат што е можно попрецизно, што е тешко ако работиш на неколку цртежи истовремено“, се зборовите на младата уметница.
Таа обично црта познати личности и има направено портрети на војводата и војвотката од Сасекс, пејачката Били Ајлиш и пејачот Џастин Бибер.
„Цртам луѓе што ги сакам и кои ме инспирираат, а исто така сакам да цртам и работи од мојата имагинација“, истакнала Рајацена.
Фото: Принтскрин/Instagram