(ВИДЕО+ФОТО) МОМЕНТ ЗА ДИСКУСИЈА – Навивач на Вимблдон снимил како му ставаат прашок во пијалок на човек до него, прикажано на телевизија!

За време на директниот пренос на дуелот од Вимблдон, беше прикажан непријатен момент во кој еден навивач ставил непознат прав во пијалок на друг.
Мистериозната сцена е снимена за време на дуелот меѓу Лиам Броди и Диего Шварцман на Вимблдон. Актерите се двајца навивачи кои добро се забавувале на трибините, но привлекле и големо внимание.
Пред нив се две чаши со освежителен пијалок, а во еден момент навивач уфрлил непознат прав во пијалокот на колегата. Дуото немало поим дека се’ се снима.
Токму во тие моменти директорот на преносот ги прикажува двајцата во живо, а снимката крена прашина на социјалните мрежи.


Иако не се знае за какод прашок се работи и дали е нешто дозволено или не, сепак фановите на социјалните мрежи се разочарани од моментот на невнимание на двајцата актери.
На многу фанови на социјалните мрежи ова видео им било смешно и се пошегувале дека е шеќер, бидејќи пијалокот не е доволно сладок, но имало и такви на кои им пречел овој детал и истакнале дека го прикажува најелитниот турнир во светот на тенисот во лоша светлина.

Инаку, Броди во тој дуел го совлада Шварцман со резултат 3:2, но вчера настапот пред својата публика го заврши со пораз од Алекс Де Минор.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 11 години без нашиот легендарен флејтист Никола Атанасов

Никола Атанасов е роден во Просечен, Драмско, Егејска Македонија во 1939 година. Тој беше македонски …