(ВИДЕО+ФОТО) МИНИСТЕР СЕ СПАСИЛ ПЛИВАЈЌИ 12 ЧАСА! Необичен подвиг на полицаец во Мадагаскар кој ја преживеа несреќата!


Министерот за полиција на островска земја на источниот брег на Африка, Мадагаскар, стекна светска слава како суперхерој со својата неверојатна способност да преживее. Серж Желе (57) пливал 12. часа до брегот откако неговиот хеликоптер се урнал во морето за време на спасувачка мисија кај североисточниот брег на четвртиот по големина остров во светот.
„Сè уште не ми е време да умрам“, вели исцрпената Желе, чија фотографија на носилки, сè уште во маскирна униформа, се рашири на социјалните мрежи.
Желе работел во полиција три децении пред да биде назначен за министер во август. Тој сега рекол дека по несреќата пливал од 19.30 до 7.30 часот следното утро, до градот Махамба. Таму потврдиле дека не е повреден, но дека му е ладно:
-Би сакал само да го емитувате ова видео за да го види моето семејство, да го видат моите колеги, да го видат членовите на Владата. Жив и здрав сум – им рекол Желе на селаните во Махамба.


За чудото да биде поголемо, несреќата ја преживеал и друг полицаец, кој патувал со него во хеликоптер. Се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Димиш одржа промоција на неговата нова песна и видео запис за „Срце и мозок“

Веќе одлично етаблираниот на македонската рок сцена Димиш одржа промоција во „Лабораториум“ за неговата најнова …