(ВИДЕО+ФОТО) КАРМА – ПЕДОФИЛ БИЛ ОСУДЕН НА ДУРИ 22. ДОЖИВОТНИ РОБИИ за силување на 200. дечиња: Ричард Хакл е најден мртвов во ќелијата!

Британецот,Ричард Хакл, од Кент, кој бил осуден за сексуално злоставување на 200. деца во Малезија, бил избоден со нож во британски затвор.Тој бил осуден на 22. доживотни казни затвор во 2016. година, откако признал 71. обвинение за злоупотреба на деца на возраст помеѓу шест месеци и 12. години.
Тој овие злосторства ги извршувал цели осум години, од 2006. до 2014. година.
Како што се наведува, Хакл бил нападнат со „импровизиран нож“ во затворската ќелија.


За време на судењето, било објавено дека во неговиот компјутер се пронајдени над 20.000 фотографии на малолетни деца, како и слики на злоупотреба.
Судијата Питер Рук тогаш рекол дека висината на казната најдобро отсликува колку е згрозена јавноста со неговата „кампања за силување“.


„Навистина е многу ретко кога судијата мора да казни сексуални престапи од оваа големина, кои го извршило само едно лице“, рекол Рук.
Хакл, кој работел како фотограф, бил уапсен на аеродромот Гетвик во декември 2014. година.
Тој за прв пат ја посетил Малезија на возраст од 18. или 19. години за да потоа со години оди таму на доброволна работа како волонтер.

Екран.мк/BBC

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андријана Јаневска: „Ах! Денес требаше да настапиме на хуманитарен концерт… Така како што живеевте, така и заминавте!“

„Ах! 😭😭😭 Денес требаше да настапиме на хуманитарен концерт… Така како што живеевте, така и …