(ВИДЕО+ФОТО) ЈЕЛЕНА РОЗГА СИ ЈА ОТВОРИЛА ДУШАТА: Веќе не кријам – имам проблеми со срцето, а веќе немам тироидна жлезда…

„Ова е првпат да сум дома на Божиќ на оваа сцена овде, неколку метри лево од мене. Јас сум многу нервозна, а исто така едвај чекам да започнам. Едвај го чекам 25-ти да се качам на сцена и да запеам со моите сплиќани“, искрена била сплиќанката.


По 26 години кариера, оваа убава сплиќанка, како што вели, конечно научила да каже не за време на пандемијата. Нејзиното здравје ја принудило на тоа. Ексклузивно, само за „Ексклузив“ на РТЛ таа открила дека нејзиниот т.н Хашимото ја изел тироидната жлезда.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)



„Веќе не сум под голем стрес. Нема да избрзувам особено кога е работата во прашање. Повеќе се грижам за своето здравје, повеќе го ценам слободното време, знам да кажам не. Го научив и тоа. Морав поради моето здравје. Морав само затоа што имам проблеми со срцето и тироидната жлезда и повеќе не го кријам. Апсолутно веќе немам тироидна жлезда и сега реков: ‘Сега доста е, ајде и малку да уживаме’“, изјавила 44-годишната Јелена Розга.

This image has an empty alt attribute; its file name is jelena-rozga-1.jpg


И решила да каже доста на приказните за нејзиниот љубовен живот, за кои повеќе не сака да коментира. Таа открила и дека со оглед на тоа што похотникот кој ја демнел една година добил судска казна, таа спие помирно, но стравот и понатаму е присутен.
„Мислам дека долго ќе гледам зад грб и ќе ја вртам главата кога шетам и дење и навечер со моето кученце. Не е сеедно кога живееш сам“, признала таа.
Сама, но не буквално. Нејзиното кученце Ринго и прави друштво во последните 10 години.
„Фала богу што е здрав, среќен е, прекрасен е и разгален“, изјави Розга.

На сопственикот или?
„Па јас сум разгалена од време на време кога можам, но сум. Мислам кој не е?“, се пошегувала Јелена Розга.
Доколку околностите дозволуваат, во 2022. година планира обиколка на арените, а за себе има само една желба.
„Само здравје. Здравјето е на прво место и го ценам се’ повеќе и повеќе, особено кога ги имам овие свои проблеми – па само здравје, се друго ќе дојде“, заклучила сплитската пејачка.

Фото: Принтскрин/RTL

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Совршени денови“ – Филмот на Вим Вендерс номиниран за Оскар за најдобар меѓународен филм 2024 вечерва во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 19:00 часот, ќе биде прикажан играниот филм …