(ВИДЕО+ФОТО) Искрено со Дарио: „Тажни ми се сеќавањата на детството, низ сè минував сам!“

Дарио Панковски е 40 години е на музичката сцена. Зад себе има песни кои се хитови и евергрини до ден денес. Кариерата ја почна во 80-тите со групата Бон Тон, времиња за кои зборува со посебна љубов. 33 години е во брак со сопругата Бојана и има две деца. Летово посебно ќе го памети по венчавката на својата ќерка, за која вели дека му е слабост.

This image has an empty alt attribute; its file name is dario-1.jpg


„Венчавката беше во Охрид, затоа што тоа беше нивната желба, да се венчаат во црквата Св. Петка. Тоа беше убава романтична ноќ на вода, отмено и урбано. Јас не сакав ниту да сликам само за да можам засекогаш да го запаметам моментот. Сега се спремаат за свадба”, раскажува Дарио за „Репортер”.

This image has an empty alt attribute; its file name is dario-3.jpg


За сите овие години, и кога бил во најголемата популарност, секогаш поддршка му е сопругата. Нивната љубов почнала како вели одамна, спонтано, во дискотеката „Турист”, каде тогаш музика пуштал Драган Б. Костиќ.

„Бојана е од Врање и беше на студии тука. Порано се знаеше како се излегува, одиш прво во 5-6 кафулиња па на крај диско. Е меѓу тие кафулиња, стоиме на улица, тогаш на Булевар ЈНА и требаше да ја поминеме улицата за да одиме накај диско. И јас демек да не ја удри кола ја фатив за рака и ѝ реков нема бегање. И еве нè 33 години се држиме за рака”, искрен е Дарио.


This image has an empty alt attribute; its file name is dario-4.jpg

За времињата кога беа популарни со Бон Тон и идоли им биле „Дјуран Дјуран” зборува со сто мераци. Тогаш се шатирале секој месец, шиеле облека, позајмувале од кај ќе стигнат, само за да личат на светските ѕвезди.
„Абе жолти во главата бевме ко канаринци, носевме шалвари, тиркиз чизми, темни очила. Види, бевме различни, ама бевме авангарда во тоа време. Правевме сè за да личиме на светските фаци”, раскажува Детството е најтешкиот период од неговиот живот. Болни времиња откако на осум години останал без мајка, па вели „Јас и немав детство. Песната ‘Човек без спомени’ е мојот живот”.

This image has an empty alt attribute; its file name is dario-5.jpg

Зошто не ја сакал песната „Дупла вотка” за животот без родители, за бракот, семејство, зошто го затвори кафулето, времето кога работеше во Космофон и Окта, колку е висок и како седи во авион, имаат ли домашните проблем со неговата педантерија. Гледајте го интервјуто.

Фото: Принтскрин/YouTube/reporter.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на „Координати на болката“ – збирка поезија на Александра Спасеска

Вечерва со почеток во 19:00 часот во дворчето на кафе-книжарницата „Илика“ ќе биде промовирана збирката …