(ВИДЕО+ФОТО) Хенри Кавил шокирал: „Имам тажна вест“

Британскиот актер Хенри Кавил повеќе нема да ја игра улогата на Супермен откако Џејмс Ган и Питер Сафран беа донесени како нови режисери.
Актерот преку објава на Инстаграм им ја откри тажната вест на своите фанови и открил дека одлуката е конечна и дека нема шанси да се врати во улогата на Супермен.

 


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Henry Cavill (@henrycavill)


„Само што имав состанок со Џејмс Ган и Питер Сафран и имам тажни вести за сите. Нема да се вратам во улогата на Супермен“, започнал Кавил.
Како што рече, „оваа вест не му дошла лесно, но сето тоа е живот“.
Кавил истакнал дека разбира дека промените треба да се случат.
„Го почитувам тоа. Џејмс и Питер имаат универзум да изградат. Им посакувам среќа на нив и на сите вклучени во новиот проект“, додал тој.
Актерот заклучил дека сепак е среќен што може да се пофали дека одиграл толку голема улога.
„Помина мојот ред да ја носам наметката, но она за што Супермен се залага никогаш нема. Беше забавно“.


 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Henry Cavill (@henrycavill)

Набргу по збогувањето на Кавил со фановите на Инстаграм, режисерот Џејмс Ган се огласил на Твитер за да објави што носи иднината за ликот на Супермен.
„Во почетните фази, нашата приказна ќе се фокусира на претходниот дел од животот на Супермен, така што ликот нема да го игра Хенри Кавил“, објаснил Ган.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува актерката Драгана Костадиновска

Драгана Костадиновска е родена на 10 декември 1983 година во Скопје. Таа е македонска театарска, …