Германската актерка Ирис Бербен со својот изглед докажала дека убавината не познава години на ревијата за L’Oréal на модната недела во Париз.
Бербен се појави во 70-тите години на минатиот век, а оттогаш има изиграно бројни филмски и телевизиски улоги пред камерите, а иако сега има 72. години, нема намера да се пензионира.
Сепак, она со што оваа актерка особено привлекува внимание е нејзината природна убавина и зачудувачки изглед во осмата деценија од животот.
View this post on Instagram
Актерката тврди дека немала никакви естетски корекции, а на модната недела во Париз привлече внимание и ја воодушеви публиката со модно издание.
Бербен се појави како модел на брендот L’Oréal, а со својот изглед лесно ги засенила многу помладите модели.
Многу опуштена, Ирис прошетала на модната писта во сјајни кожени панталони, јакна и црни чевли. Воедно, таа извела мала танцова точка, блеснала пред публиката и ги инспирирала сите со својата харизма.
Појавувањето во Париз не е првпат Ајрис да остане запаметена како модна икона. Бербен е успешна во светот на актерството речиси 60. години, а вниманието секогаш го привлекува со своите комбинации на бројните црвени теписи.
Фото: Принтскрин/YouTube