(ВИДЕО+ФОТО) ФАНОВИТЕ ЗАГРИЖЕНИ – Ѕвездата од серијата „Беверли Хилс“, Тори Спелинг, завршила во болница

Американската актерка и ѕвезда на серијата „Беверли Хилс“ Тори Спелинг на својот Инстаграм објави фотографија на која лежи во болница.
Како што наведува оваа актерка на својот профил, завршила во болница поради вртоглавици, отежнато дишење и висок крвен притисок. По тој повод прозвала и дел од публиката која ја критикувала дека ја паузирала актерската кариера.
This image has an empty alt attribute; its file name is tori-speling-vo-bolnica-1.jpg

„Следниот пат не ги земајте луѓето здраво за готово и покажете сочувство наместо сомнеж. Запомнете дека за луѓето како мене е кошмар кога не сме способни да работиме. Јас сум работохолик. Секогаш избирам работа“, рекла Спелинг.



Актерката Спелинг е во брак со канадскиот актер Дин Мекдермот веќе 16 години.
Заедно имаат пет деца и таа вели дека и е тешко да не ја помине празничната сезона со нив.

Ова не е прв пат Спелинг јавно да зборува за своите здравствени проблеми. Имено, во јануари оваа година актерката го документирала искуството на нејзиното семејство со Ковид, истакнувајќи дека нејзините симптоми траеле повеќе од седум дена.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Бедија Беговска

Бедија Беговска е родена на 22 јануари 1951 година во Скопје. Таа е истакната македонска …