(ВИДЕО+ФОТО) ЕВЕ КОЈ Е ТАИНСТВЕНИОТ СИН НА ЕДИ РАМА: Грегор во земјотресот ја загубил свршеницата, но тоа не е едиствената неволја која го погодила!

На Грегор му бил дијагностициран карцином, пред неколку години.
„Морав да влезам длабоко во себе за да најдам сила да се смеам, да комуницирам и да ја завршувам мојата работа. Ноќите беа полни со солзи. Бевме соочени со голема непознаница која еродираше во сите нас“, рекол Рама.


View this post on Instagram

#35mmfilm 🎞


A post shared by @ gregrama on


Во филмот говорел и самиот Грегор.
Тој спомнал како неговиот татко му помогнал во тежок период и го победил туморот на тестисите. Тој раскажал како неговиот татко ја користел својата страст, кошарката, за да му објасни на своето дете како да ги надмине тешкотиите.
„Дијагнозата ја добив кога бев кај вујко ми во Америка. По експериментална хемотерапија, бев излечен“, открил тој.
Рама го посетувал својот син редовно додека бил на лекување во Америка, особено во 2009. година кога неговата состојба се влошила.

Грегор од таа борба излезгол како победник, но животот му задач уште еден удар кога неговата вереница Кристи, студент по медицина, загинала од земјотресот во Драч.
Веста за смртта на неговата девојка поминала незабележано се’ додека самиот Грегор не објавил на Инстаграм.
Грегор Рама дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Тирана, следејќи ги стапките на неговиот татко, сликар како и неговиот дедо, познат албански скулптор. Роден е во доцните 80-тти во првиот брак на Еди Рама со актерката Матилда Макоци.
Во малубројните интервјуа што ги дал, Грегор секогаш потенцирал дека неговата мајка е „личноста која најмногу ја сака“. Тој со неговиот татко повеќе е поврзан со уметноста отколку со политиката во која никогаш не се мешал.
„Сакам луѓето да проценат кој сум врз основа на она што го сликам, а не според моето презиме“, рекол тој на отворањето на својата изложба минатата година.

Екран.мк/Gazeta shqip
Фото: Youtube/Printscreen/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„ZIVE” – Прва самостојна изложба на Живка Величковска

Во среда, на 12 февруари 2025 година, во изложбениот салон Галерија 22 при Центарот за …