Глумицата Ева Лонгорија на 45 години е во подобра форма од кога било досега.
Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ се пофалила со истренираното тело за да испрати политичка порака пред изборите во државата Џорџија.
View this post on Instagram
„Џорџија, покажи ги своите мускули на гласањето“, напишала таа покрај фотографијата на која напнува бицепс.
Лонгорија отсекогаш тренирала и била во форма, па дури и по раѓањето на нејзиниот син Сантијаго пред две години, таа брзо се врати во својата состојба пред бременоста.
View this post on Instagram
Таа често го вклучува својот син во нејзиниот тренинг. Тие скокаат заедно на трамбулина, се забавуваат и согоруваат калории.