Едно племе од островот Батон во Индонезија стана хит меѓу фотографите, но и на социјалните мрежи, поради невообичаено продорните сини очи и бронзениот тен.
Островот Батон е 19-тиот најголем остров во Индонезија, во југоисточниот регион Сулавеси, а вистинска атракција се староседелците од племето Батон, кои се поделени на неколку помали. Некои од нив имаат Варденбург синдром, што влијае на нивната пигментација, поради што имаат невообичаено сини очи.
Овој појава е вистинска реткост во Индонезија, бидејќи жителите таму претежно имаат темна коса и темни очи, а тие често се раѓаат и со различни бои на очите. Тоа е наследна генетска мутација за која се проценува дека во некој облик ја има еден од 42.000 луѓе. Сепак, овој синдром може да доведе и до губење на слухот.
Членовите на племето Батон биле фотографирани за време на неодамнешната посета на островот од страна на Корчној Пасарибу, геолог од Џакарта.Овој 38-годишниот фотограф го документирал животот во рурална Индонезија од септември 2019. година, со посебен фокус на бројните племиња и културно наследство.
Пасарибу изјавува дека фотографијата е негово хоби и дека тој всушност работи како геолог во рудник за никел.
“Сините очи се уникатни и убави и тие се моја инспирација. Сината е мојата омилена боја на очите”, рекол тој.
Индонезија е огромен архипелаг со над 350. дијалекти и субкултури. Островот Батон, со големина од околу 2.700 квадратни километри, е еден од поголемите индонезиски острови. Островот е дом на нешто помалку од 450.000 луѓе, повеќето од нив во мали, изолирани племиња.