Секој кој се породил или присуствувал на тоа, знае колку е магично да се биде сведок на доаѓањето на сосема нов човек во светот. Секое раѓање е единствено, а секое родено бебе е индивидуа со неопислив потенцијал.
Некои раѓања се особено интересни. Во огромното мнозинство на раѓања, во одреден момент пука заштитниот водењак кое го држи бебето и плодовата вода.
View this post on Instagram
Сепак, раѓањето на бебе додека се уште е во неоштетен водењак, познато како en caul пораѓање, се случува само во приближно 1 од 80.000 случаи. Почесто е кај царски рез отколку кај вагинални породувања, но инаку е многу редок.
Во некои култури, раѓањето се смета за знак на среќа за бебињата и родителите. Од научна гледна точка, породувањето en caul, можат да дадат поблизок поглед на тоа каков е животот на бебето во матката.
Поради реткоста на вакви пораѓања (и разбирливата желба за приватност на пациентите), јавноста често не може да види како тоа изгледа. Сепак, вирално видео кое покажува бебе штотуку родено во водењак нуди поглед на тоа како изгледа.
Видеото го споделил д-р Игнасио Перез Томасоне, гинеколог од Аргентина, на својот Инстаграм профил. Д-р Томасон споделил видеа од породувањето на својот Инстаграм, но ова породување привлече големо внимание.
Фото: Принтскрин/Instagram