Колку може да биде суров животот, а од друга страна убав, најдобро сведочи судбината на ова храбро шестгодишно девојче.
Додека родителите и професорите во последните години предупредувале на „истребувањето на уметноста на убавото пишување“, како што завладеа технологијата, една девојка ја совладала оваа техника, како што рекла, „многу лесно“, и покрај фактот дека е родена без шаки.
Кога Сара имала 6. години, таа била посвоена од семејство од САД. Таа не знаела ниту англиски, а камоли азбуката. Сепак, таа брзо го совладала новиот живот во ново опкружување, нов јазик и култура, најмногу со помош на нејзината сестра Вероника.
Со текот на времето, таа исто така формирала свој стил на пишување, држејќи молив со двете раце. Никогаш не носела протеза и одбила други видови помош, тврди нејзината мајка.
Една нејзина наставничка за Washington Post изјавила:
– Никогаш не рече дека не може да стори нешто. Таа е мала рок-sвезда. Таа се справува со апсолутно сè што е ставено пред неа како предизвик и го дава својот максимум.
Сара ја сака уметноста и пишувањето е за неа еден од начините на уметничко изразување.
Нејзината умешност, но и истрајност и ја донеле победата на националното натпреварување Nicholas Maxim Award во 2019 година.
Наградата е наменета токму за ученици кои имаат когнитивни тешкотии или некој вид на попреченост
Судиите биле импресионирани од нејзината волја, но и од конечниот резултат на нејзината напорна работа.
-Секогаш се обидувам да најдам начин да направам нешто што на почетокот не можам. Давам се од себе и се случува вакво нешто – објаснила таа за WJZ.
Фото: Принтскрин/Youtube/ABC News