(ВИДЕО+ФОТО) Дали е ова најубавиот аеродром што сте го виделе?

Jewel Changi аеродромот во Сингапур свечено ќе биде отворен наредната недела, а во рамките на него е и најголемиот водопад во затворен простор на светот. Повеќе ботаничка градина и оаза на природата отколку аеродром, „Jewel Changi“ претставува своевиден стаклен комплекс од продавници и паркови на пет спрата.


Архитектонското биро Safdie Architects предводел тим од архитекти и дизајнери кој работел на неговиот проект. Зградата е направена од стакло а поврзана е со системот на градскиот превоз и директно на терминалите со пешачки мостови, што претставува само по себе и туристичка атракција.

На сето тоа, се наоѓа и Rain Vortex – 40 метри висок водопад низ кој протекуваат околу 10. илјади галони (1 галон се 3.78 литри) вода во минута. Водата за време на дождливата сезона се собира преку систем на отвор на зградата. Во рамките на аеродромот се наоѓаат и неколку помали водопади и кањони.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДВА КЛУЧНИ ДАТУМИ ВО ОКТОМВРИ: Подгответе се за големи промени – ќе имате можност да ги победите стравовите

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …