Пред смртта која ја потресла нацијата, мајката на Клои го чистела караванот кога нејзината ќерка влегла внатре. Откако нејзината мајка и рекла да излезе да си игра, Клои потрчала кон караванот во соседството да си поигра со неговата мачка.
Косовиц признал дека ја задавил Клои, откако таа го превртела неговиот сад со канабис.
Клои не умрела веднаш, па Косовиц и ставил пластични ќеси на главата и потоа ја силувал пред да биде фрлена во потокот. „Ми се истури доза марихуана на подот и тогаш ја изгубив својата смиреност“, рекол тој. „Ми се стемни пред очите и следното нешто што се сеќавам беше дека ја давам во мојата спална соба“.
Врховниот суд на Нов Јужен Велс утврдил дека не е виновен за убиството заради ментална болест. Тогаш таткото на Клои Мајкл Хосон рекол: „Променете го системот за почнеток. Без оглед дали сте безобразни, луди, без разлика на тоа, кога ќе извршите кривично дело одите во затвор“.
Во април минатата година, еден детектив кој работел на случајот открил морничави снимки од видео надзор како Косовиц го носи телото на Кло во спортска торба, пред да го фрли покрај потокот.
Екран.мк/Daily mail
Фото: Скриншот Channel7/NSW Police