(ВИДЕО+ФОТО) Бен Афлек и Џеј Ло лажат за вистинската причина за разделбата? Фановите тврдат: „Виновник е алкохолот!“


Нивниот меден месец штотуку заврши, а Бен Афлек и Џенифер Лопез наводно решиле да се разделат некое време. Фановите се загрижени за уморниот изглед на Бен и имаат теорија за вистинската причина зад разделбата на парот.
Уморот на Афлек на меден месец го забележаа папараците, а актерот повторно беше мета на мемиња и вистинска сензација на социјалните мрежи.


Причината е минатото на Афлек?
Корисниците на Твитер имаат теорија за мистериозната причина поради која парот е на пауза која нема никаква врска со идејата дека тоа го прават за да ја одржат магијата меѓу нив. Според нив, најверојатно Лопез побарала од Афлек да побара стручна помош за неговата зависност од алкохол, пишува шпанскиот весник Marca.

https://twitter.com/jlosmoon/status/1557222587872182272


Афлек ја обвинил поранешната сопруга за неговата зависност
Во една од неговите најконтроверзни изјави досега, Афлек ја обвинил својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер дека е причина за неговата зависност од алкохол. За време на интервјуто со Хауард Стерн, актерот изјави: „Дел од причината поради која почнав да пијам беше затоа што се чувствував како да сум заробен. Мислев: ‘Не можам да побегнам од децата, но не сум среќен, што можам да направам?’. Би испил шише виски и би заспал на каучот, што не беше добро решение“.

Но, зависноста на Афлек датира од многу подалеку, пред неговиот брак со Гарнер, па дури и пред неговата прва врска со Џенифер Лопез. Тој се пријавил на лекување во 2001. година, потоа двапати додека бил во брак со Гарнер и повторно во 2017. и 2018. година.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …