Ѕвездата на „Baywatch“ Никол Егерт неодамна сподели видео каде ја коментира нејзината моментална битка со ракот на дојката и завршила во солзи.
Во емотивното видео кое го сподели на својот Инстаграм профил, актерката почнала да плаче додека објаснувала што се случило на нејзиниот последен преглед во болница.
„Само што излегов од мојата томографија – мапирање, како што го нарекуваат – за третман со зрачење и кога рекоа дека ќе ме тетовираат… Не сфатив дека тоа се стварни, вистински тетоважи“, објаснила Егерт (52) додека се снимала во својот автомобил.
View this post on Instagram
Егерт, сепак, се обидела да го намали тоа искуство, велејќи им на обожавателите дека тоа е „споредна“ работа.
„Тоа не е ништо друго освен точки, но секој чекор од овој процес никогаш нема да ве остави да го заборавите. Секогаш ќе има постојан потсетник“, продолжила таа.
Таа потоа се пошегувала: „Мајка ми ќе биде навистина горда на мојата тетоважа на вратот, но тоа е во ред, тоа е во ред“.
Обидувајќи се да остане позитивна, Егерт ја завршила својата видео порака со надежна нота, велејќи дека ќе мора да работи на себе и да ги игнорира новите тетоважи.
Да потсетиме, во декември минатата година актерката објави дека и е дијагностициран рак на дојка. Таа ја откри информацијата по критиките од фановите кои истакнале дека се здебелила.
Егерт претходно изјавила дека овој третман не и е лесен како самохрана мајка, бидејќи не е во најдобра финансиска состојба. Ова довело до отворање на страницата GoFundMe за да и се помогне во покривањето на медицинските трошоци за нејзиното лекување.
Фото: Принтскрин/Instagram