(ВИДЕО) Жена родила во авион за време на летот за Хаваи – Патниците се’ снимиле!

Патниците кои се нашле на летот од Солт Лејк Сити до Хонолулу минатата среда ќе имаат приказна за памтење. Имено, една патничка за време на летот се породила.
Патничката Џулија Хансен се’ снимила и објавила на ТикТок, а снимката досега ја погледнале скоро 12 милиони луѓе.
„Се роди бебе“, шепоти Џулија на почетокот. Потоа се слуша како патниците и честитаат на мајката, додека член на персоналот на авионот на микрофонот ги моли патниците да останат врзани „уште неколку минути додека на патничката и даваат медицинска помош“.
Хансен вели дека авионот слетал три часа подоцна. Жената која наводно се породила била првата што била симната од авионот со бебето во рацете, а останатите патници и аплаудирале.

@juliaberniceIt’s the ‘baby being born while we’re above the Pacific Ocean’ for me


♬ original sound – Julia Hansen


„Мајката и бебето се здрави, ако некој се прашуваше“, открила Џулија подоцна во коментарите.
Авионската компанија „Delta“ потврдила за Фокс њуз дека бебето е родено за време на летот, но не дале повеќе детали. Според пишувањето на Washington Post, бебињата родени во воздушниот простор на САД се сметаат за граѓани на САД. Сепак, издавањето на извод од матична книга на родените може да биде малку понезгодно. Раѓањето на дете може да се изврши во областа каде што се родило или во местото каде што авионот слетал, тврди Post.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот сликар Јован Шумковски

Јован Шумковски е роден на 18 јануари 1962 година во Скопје. Тој е македонски сликар …