(ВИДЕО) Жена насилно исфрлена од продавница бидејќи одбила да носи маска: Ја влечеле по подот!

Снимката од жената како насилно ја исфрлаат од продавницата заврши на Интернет и предизвика жестока дебата, пишува LiveLeak
Маските во јавниот простор станаа жешка тема на дебата, особено во САД. Иако многу луѓе носат маски, има еден дел што одбива да го стори тоа затоа што веруваат дека тоа ја нарушува нивната слобода.
Снимката од жената како насилно ја исфрлаат од продавницата заврши на Интернет и предизвика жестока дебата, пишува LiveLeak.
Во една продавница во Лонг Бич, Калифорнија, дошло до конфликт помеѓу жена која одбила да носи маска и клиенти.
Наводно, сè започнало кога на една жена без маска и било кажано дека мора да ја стави, а таа испрскала клиенти со солзавец, пишуваат американските медиуми.
После тоа, дошло до физички судир во кој жената без маска била насилно исфрлена од продавницата. На моменти може да се слушне како вика „дај ми ги клучевите“ додека една жена ја влече низ подот. По нив следи маж кој ја носи чантата од жената без маска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

4 хороскопски знаци на удар на ретроградниот Марс: Од Нова година почнува трансформацијата на животот

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …