Силниот земјотрес кој утрово ја погоди Италија и беше почувствуван во околните земји, е снимен и во директна телевизиска програма.
Италијанскиот ТВ водител Масимо Фогети давал преглед на денешните вести кога се случи земјотресот. Прво брзо го напуштил местото пред камерите, а потоа се вратил и чекал да престанат потресите, за на крајот да реши да побегне од студиото на безбедно.
#Terremoto in diretta durante la rassegna stampa dell’emittente Fano Tv 19. Massimo Foghetti cerca di capire, poi arriva un’altra scossa e fugge. La trasmissione viene interrotta pic.twitter.com/ZkyACR6T5E
— Rai Radio1 (@Radio1Rai) November 9, 2022
Да потсетиме, утрово во 7. часот и 7. минути е регистриран земјотрес со јачина од 5,7 степени во Италија. Епицентарот на земјотресот бил на 64. километри од Римини, во Јадранското Море.
Cronaca dalla stazione di Ancona#terremoto #ancona pic.twitter.com/KOscFP5oVx
— Mattia Quattrini (@MattiMattiPh) November 9, 2022
Засега нема извештаи за жртви. Жителите на Италија објавија слики од оштетувања на ѕидови или згради на социјалните мрежи. Железничкиот сообраќај беше прекинат како мерка на претпазливост во близина на Анкона, на јадранската пруга, поради сомневање за оштетување на шините. Училиштата беа затворени во многу градови, вклучувајќи ги Пезаро и Анкона.
Фото: Принтскрин/Twitter