(ВИДЕО) Заробен руски војник се јавил на мајка му: „Јас сум воен заробеник во Украина! Јас сум агресорот, а ни рекоа дека одиме во мировна мисија…“

Еден од бројните руски војници кои ја нападнаа Украина бил заробен, а „домаќините“ му дозволиле да и се јави на мајка му.
Момчето и кажува на својата мајка дека е воен заробеник во Украина, на што таа реагира со прашања и од својот син бара објаснување на зборот воен заробеник“…
Момчето потоа и објаснува дека е добро и дека со него се однесуваат добро, и да не се грижи за него.
„Добро се грижат за мене, немој да се грижиш“, и повторува момчето на мајка си.
„Треба да ја известиш мојата единица за тоа каде сум и дека сум воен заробеник Тие со нас се однесуваат многу добро. Јас сум на ДНР и ЛНР територијата, ни рекоа дека одиме како мировници но таму има војна. Мислам, ние сме агресорите. Градовите се тешко бомбардирани, биди внимателна ако ова некому го кажуваш. Мамо, јас сум агресорот, како можеа да ме пуштат тука…“
Мајката плаче и низ солзи го прашува в кој град е…


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

4 хороскопски знаци на удар на ретроградниот Марс: Од Нова година почнува трансформацијата на животот

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …