Еве еден рецепт кој брзо се подготвува и има одличен вкус
Неопходно е:
200 гр сирење
3 јајца
200-300 мл млеко
2 лажици кисела павлака
100 гр сечкана шунка
30 мл масло
1/2 прашок за пециво
500 гр потенки кори
Подготовка:
Јајцата искршете ги во сад, па малку изматете ги со вилушка. Додадете сирење и издробете. Додадете млеко, шунка, пециво и додадете малку масло.
Изедначете сè. Две кори премачкајте со масло, ставете една врз друга, а две потопете во филот со сирење, стуткани и раширете ги на крајот од корите. Сè заедно свиткајте во ролат и ставете во плех обложен со хартија за печење.
Премачкајте со масло и по желба посипете со сусам. Се пече на 200 степени околу 40 минути. Пријатно!
Фото: Принтскрин/YouTube