(ВИДЕО) Young Dadi ја претстави новата песна „5 до 2“

„5 до 2″ – новата фанки песна на Young Dadi конечно е пуштена во етерот. Текстот за темата е со потписот на Young Dadi, кој заедно со Лазар Цветкоски има замешано прсти и во создавањето на музиката. Битот, аранжманот, миксот и мастерот, пак, се на Лазар Цветкоски.

Видео приказната, чиј креативен директор и стилист е Александра Majestic, а зад камерата стои Давид Манев, започнува со тоа што пијана девојка му ѕвони на Дади после журка, а тој незаинтересиран за неа оди на афтер да се забавува.


This image has an empty alt attribute; its file name is young-dadi-dance_Easy-Resize.com_.jpg

Во видеото е прикажана целата атмосфера на афтерот во one take, а потоа Дади, заедно со Дупер, се враќа во назад во 80-те, со настап во Кино Фросина – МКЦ. Зачин на целото дејствие додава екипата на Битрикс која го краси спотот со нивната кореографија и добра енергија. За косата и шминката се погрижи Бобан Тодоровски.


Интересно е дека неполни 24 часа по пуштањето во етерот „5 до 2″ веќе е во трендингот, а тоа доволно кажува дека Дади има супер парче кое од прва, се вели, влегува во уво.


Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Младиот фолк пејач Александар Темелков ја промовираше „Зошто сине ти си замина“ – песна со посвета!

Младиот фолк пејач, Александар Темелков, не престанува да твори. Денес ја промовираше новата песна „Зошто …