„Секој од нас е посебен и никој не е ист како некој друг“ рекол П.Т. Барнум, а оваа година тие зборови би можеле да се покажат како вистинити.
Ни доаѓа магија
Режисерот Михаел Грејси ни го донесува музичкиот спектакл во кој главната улога ја толкува Хју Џекмен, на сите попознат како Волверин. „Најголемиот шоумен“ е оригинален мјузикл кој го слави раѓањето на шоубизнисот и чувството на среќа кога ќе ни се остварат соништата.
Џекмен го отелотворил ликот на врвниот бизнисмен и шоумен П.Т. Барнум кој од ништо го створил најголемиот спектакл познат како „The Barnum and Bailey
Greatest Show on Earth“. Приказната говори за П.Т. Барнум, визионер, политичар, шоумен и бизнисмен од 19. век кој го основал циркусот наречен „Barnum and Bailey Circus“ и останал запамтен како најголем спектакл кој ја освоил публиката ширум светот.
https://www.youtube.com/watch?v=AXCTMGYUg9A
Грејси го режирал филмот со песните на добитникот на Оскар, Бенџи Пасек и Џастин Пол („La La Land“).
Покрај Џекмен во филмот играат и Зак Ефрон, Ребека Фергусон, Зендија и номинирната за Оскар – Мишел Вилијамс.
„Најголемиот шоумен“ во кината би требало да пристигне околу 28. декември.
ekran платформа за слободоумни