(ВИДЕО+ Вознемирувачки фотографии) На познатата манекенка и бил загрозен животот, но не се откажува од пластичната хирургија

Манекенката Кети Прајс (43) е позната по бројните пластични операции, па токму затоа беше мета на критики. Таа шокирала многумина кога изјави дека сака да изгледа како „совршена човечка кукла“.
Порано беше една од најубавите манекенки, а денес е позната по бројните пластични операции, поради што често е мета на критики.
Кети Прајс (43) потврдила дека престојувала во Турција за да се подложи на ризична операција на задникот, како и интервенции на усните, очните капаци и липосукција на целото тело.


Иако процедурите можеле да бидат фатални, Кејти рекла дека „се плашела дека ќе умре на операционата маса откако изгубила многу крв, но се плашела и дека ќе изгледа како чудовиште“.
Оваа ситуација, сепак, не ја спречува повторно да оди „под нож“: „Би повторила, можеби за пет до десет години“, изјавила Кети за списанието „The Sun“.



Нејзиниот свршеник Карл Вудс бил загрижен за нејзината состојба по операциите, бидејќи мислел дека е мртва.
Кејт рекла дека „отишла во пеколот“: „Изгледав како чудовиште. Тоа е тоа, си помислив, ќе умрам. Бев преплашена што изгледав како нплашило“, рекла таа.
Со цел фановите да видат низ што поминала таа, манекенката го сними целиот процес на Јутјуб.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: две години без нашиот истакнат поет, преведувач и професор Драги Михајловски

Драги Михајловски е роден на 16 октомври 1951 година во Битола, каде го поминал и …