(ВИДЕО) ВООДУШЕВИЛ СО ИЗВЕДБАТА – Десетгодишно момче расплакало член на жирито со својот настап во Хрватски суперталент


Десетгодишниот Мауро Јакиќ воодушевил со својот настап во првата аудиција на Хрватски Суперталент, а по тој повод расплакал многумина.
Мауро го отпеал хитот на британската пејачка Адел „Easy On Me“, а солзи можеле да се забележат во очите на членот на жирито Мартина Томичиќ, родителите и братот на момчето, како и кај многу присутни во публиката.
Ова десетгодишно момче зборува три јазици, тренира пинг-понг, а под видеото од неговиот настап стои дека вообичаено не се занимава со музика, туку е главен пејач во куќата.
Беше наведено дека една од неговите причини да се пријави на Суперталент е да дојде да ги види Маја Шупут и Мартина Томчиќ.


„Што е ова, можно ли е ова? Во шок сум, ова не е вистина“, изјавила Маја по изведувањето на песната „Easy On Me“.
„Имаш убав глас кога зборуваш, имаш прекрасен глас кога пееш. И имаш одлична контрола врз тој глас. Можеш да пееш така со полн тон и можеш да влезеш во овој нежен фалсет”, му рекла Томчиќ по настапот.
Во жирито оваа сезона се појавуваат веќе познатите членови Давор Билман, Маја Шупут, Мартина Томчиќ, а на местото на Јанко Поповиќ Волариќ дојде Фабијан Павао Медвешек.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Директна порака – Победникот на Евровизија, Џеј Џеј, бара Израел да биде исклучен од натпреварот: „Разочарувачки е што сè уште учествуваат“

Австриецот Џеј Џеј, кој победи на Евровизија во Базел, јавно побарал на Израел да му …