(ВИДЕО) Во Турција се случуваат ЧУДА: 204 часа по земјотресот извлечени се петмина преживеани – како и дете кое било 207 часа под урнатините


Агенцијата „Анадолу“ која ревносно ги следи случувањата од Турција пред 15 минути ја објави веста дека е спасено дете кое под урнатините минало 207 часа…

Најмалку пет лица се спасени денеска од урнатините на областите погодени од земјотресот во Турција, објавија локалните медиуми, осум дена по најтешкиот земјотрес во модерната историја на земјата.
Земјотресот според последните податоци, досега однесе повеќе од 37.000 животи во таа земја и во соседна Сирија.
Жена и маж се извлечени од урнатините во јужниот град Хатај околу 204 часа по земјотресот што ја погоди југоисточна Турција и делови од северозападна Сирија, објавија турските медиуми.
Претходно вчера, 18-годишниот Мухамед Кафер е спасен од урнатините на зграда во јужна Турција, 198 часа по земјотресот од минатиот понеделник, објави Си-Ен-Ен Турк.
Во турската провинција Адијаман, телевизијата прикажа спасувачи како го носат Кафер во носилка со маска за кислород на лицето, додека до него е здравствен работник.



Агенцијата „Анадолу“ која ревносно ги следи случувањата од Турција пред 15 минути ја објави веста дека е спасено дете кое под урнатините минало 207 часа…

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ОТКРИЕНА ТАЈНАТА КАКО СЛАВНИТЕ СИМНУВААТ КИЛОГРАМИ КАКО НА ШЕГА: Сите најголеми ѕвезди користат ОЗЕМПИК но никој не знае дали е опасен?

Оземпик е лек против дијабетес кој стана сојузник број 1 на Холивуд за слабеење. Решивме …