(ВИДЕО) Во оваа земја годината трае 13 месеци: Наместо 2023, кај нив сега е 2015.

Етиопјаните во многу домови го слават почетокот на Новата година со гозба и покрај тешкотиите предизвикани од зголемените цени, војната и гладот ​​што беснее на север.
Но, нивниот календар е единствен. Заостанува зад оној западниот за седум години и осум месеци, па во сабота на 11 септември 2021 година им започна 2015 година. Ова се должи на различното пресметување на годината на раѓање на Исус Христос.
Кога Католичката црква го променила пресметувањето во 500 година од нашата ера, Православната црква во Етиопија не го направила тоа. Така, сега, во Етиопија, Новата година се паѓа според западниот календар, на 11 септември или на 12-ти во престапната година.
Во Етиопија, секој од 12-те месеци има 30 дена, додека тринаесеттиот – последниот од годината – има пет или шест дена, во зависност од тоа дали е престапна година.
Времето исто така се пресметува поинаку – денот е поделен на две дванаесетчасовни поделби со почеток во шест часот, со што и пладне и полноќ паѓаат во шест часот по нивно време.

Затоа, ако некој ве покани на кафе во Адис Абеба во 10 часот, немојте да се изненадите ако се појави во 16 часот.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Григориј, епископ Охридски

Свети Григориј, епископ Охридски, е истакнат православен светец и духовник од средновековниот период, кој ја …