(ВИДЕО) Во ноќен клуб – Погледнете ја реакцијата на Шакира откако забележала дека некој ја снима под фустанот

На социјалните мрежи се појави видео од ноќен клуб во Мајами каде Шакира доживеала непријатна ситуација.
Имено, пејачката била во клуб каде во еден момент го пуштиле нејзиниот нов сингл „Солтера“. Кога песната свирела, Шакира се качила на сцената и танцувала во краток фустан.
Присутните во клубот веднаш почнале да го снимаат настапот на пејачката, а таа играла и пеела, а во еден момент сфатила дека некој ја снима под фустанот.


Пејачката најпрво се обидела да ја разубеди личноста со тоа што и дала до знаење дека видела што прави. Меѓутоа, откако таа личност не застанала, пејачката се симнала од сцената.
Корисниците на социјалните мрежи ја критикуваат личноста која ја снимила пејачката под нејзиниот фустан.
„Шакира е апсолутно во право што си замина, никој не треба да се справува со вакво непочитување“, „Луѓето се одвратни“, „Шакира не може ни да ужива да танцува на нејзината песна“, „Кој ја снимал вака нека биде уапсен“ , „Ова е над одвратно“, се дел од коментарите.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска (1973-2024)

Денес, со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната Опера и Балет, ќе …