Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер синоќа убаво се забавувале
Двајцата учествувале на настан организиран од компанијата „Head“.
Новак и Јаник играле пиклбол заедно со Барбора Крејчикова и Кели Џо Смит, професионален играч на пиклбол.
Сето ова се случува додека се шират приказни за допинг скандалот на италијанскиот тенисер, кој очигледно не е многу погоден од ова.
Djokovic, Sinner, Krejcikova and Callie Smith doing pickleball dingles at Head event. pic.twitter.com/gzdZuYd3jR
— Jon Levey (@levey_jon) August 22, 2024
И по мечот со пиклибол, дружењето продолжило, а атмосферата била очигледно добра, судејќи по насмевките на тенисерите.
Ѓоковиќ во понеделник ќе биде на теренот на УС Опен, кога ривал ќе му биде Раду Албот, додека Јаник Синер во вторник ќе ги одмери силите со Мекензи Мекдоналд.
Фото: Принтскрин/X