Објавен е тизер за филмот на Пабло Ларен Марио со Анџелина Џоли во улогата на легендарната оперска пејачка Марија Калас, а некои критичари веќе и предвидуваат Оскар за оваа улога.
Нетфликс го претстави првиот трејлер за познатиот филм, кој беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Венеција и доби осумминутни овации, најавувајќи награди за самиот филм и Џоли.
Анџелина ја игра грчката сопранистка со американско потекло Марија Калас, која почина од срцев удар на 53-годишна возраст. Како што сугерира тизерот, „Марија“ ќе ја покрие животната приказна на пејачката.
Заедно со Џоли, во актерската екипа се и Валерија Голино („Rain Man“), Коди Смит-Мекфи („The Power of the Dog“), Халук Билгинер („Winter Sleep“), Алба Рорвачер („Мојот брилијантен пријател“), Пјерфранческо Фавино („World War Z“), Џереми Вилер („The Crown“) и Ребека Џонстон („Midsommar“).
Филмот ја следи американско-грчката сопранистка додека таа се повлекува во Париз по гламурозниот и бурен живот во очите на јавноста и се обидува да си ги врати гласот и самодовербата на сцената.
Ларен покрива сè – не само блиските односи на Калас со нејзиниот персонал и нејзиното рано детство, туку и зошто таа се впуштила во долгорочна афера со тајкунот Аристотел Оназис.
По премиерата на филмот, некои критичари на Анџелина Џоли веќе и предвидуваа сигурна номинација за Оскар, а некои дури и самата златна статуетка. Меѓу нив, Џада Јуан напиша во Washington Post дека „сигурно ќе добие номинација за најдобра актерка“.
Во The Irish Times, Доналд Кларк рекол дека Џоли „конечно ја има главната улога што ја заслужува“, а Кајл Бјукенан од „New York Times исто така сугерирал дека филмот би можел да биде „Враќање на Џоли за Оскар“.
Филмот „Марија“ ќе биде достапен во одредени кина на 27 ноември, а премиерата ќе се емитува на Нетфликс на 11 декември.
Фото: Принтскрин/Twitter