(ВИДЕО) Во белгиската зоолошка градина се родиле ретки близнаци на џиновска панда!


Овие денови во белгиската зоолошка гардина се родени близнаци на џиновска панда, кои се сочуваат со несигурните први денови, но ова исклучително ретко раѓање и понатаму е многу голема вест за нивната ранлива врста, објавила зоолошката градина „Pairi Daiza“.


Пандите близначки, женка и мажјак, на свет пристигнале со разлика до неколку часови, а тежеле необично малку 160. и 150. грама.
Младенчињата кои зоолошката градина на Фејсбук ги опишала како „розеви шкампи“, се розови, без влакна и многу помалечки од своите родители. Бебињата панди во просек се 900. пати помалечки од своите мајки, наведуваат од Светскиот фонд за заштита на диви животни (WWF).
„Раѓањето на близнаците е прекрасна вест за овој извонреден вид кој е сеуште во опасност“, навел во соопштението основачот на зоолошката градина „Pairi Daiza“, Ерик Домб.


Новороденчињата ќе бидат набљудувани 24. часа и алтернативно ќе можат да бидат сместени во инкубатор и ќе бидат хранети со шишенце за да мајката се одмори, рекле од зоолошката градина.
Кина пред 30. години покренала програма за зачувување на џиновските панди. Меѓународната унија за заштита на природата во 2016. година го променила статусот на џиновските панди од загрозен во ранлив вид.
Мајката на близнаците Хао Хао е оплодена во април. Близнаците се нејзино второ и трето младенче кое ги окотила во белгиската зоолошка градина.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Деца на светот“ – Тажна Комедија која ја обработува емотивната тема за децата кои заминале во светот и нема да се вратат никогаш

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде …