(ВИДЕО) Во Александрија – Снимка од плажа од Египет ја шокираше јавноста: Дали би се капеле овде?

Снимката од плажата во Александрија, Египет, ја шокираше јавноста поради нејзината пренатрупаност.
На видеото се гледа плажа со стотици чадори, но и многу луѓе и во водата и на самата плажа.
Исто така, поради пренатрупаност, песокот на плажата воопшто не се гледа, а чадорите се наредени еден до друг. Многу луѓе се во плитката вода покрај плажата.

@aymanismail618 #منوعات_تيك_توك #trending #tiktokindia ♬ Second Waltz – Elise MOY


Видеото има повеќе од три милиони прегледи, а корисниците на социјалните мрежи се шокирани од сцената.
„Попрво би останал дома“, „А водата мора да е толку убава и топла“, „Еј мамо, таму сме под жолтиот чадор“, „Мило ми е што не сум таму“, „Нема пари на светот поради кои би влегол во таа вода“, „Овде е навистина клаустрофобично“, се вели во коментарите.
Гужвата на оваа плажа во Александрија секоја година се зголемува, а во текот на летните месеци речиси е невозможно да се види како изгледа плажата без посетители.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Урбан Пејзаж“ – Изложба на фотографии од Рафаел Ристовски

Утревечер во продажно ликовениот салон во Културно Информативниот Центар во Скопје, со почеток во 20:00 …