(ВИДЕО) Виткана пита која почесто ќе ја правите: За појадок, вечера или ужина

Друг начин за подготовка на пита
Потребно е:
200 гр сирење
3 јајца
200 мл јогурт
1/2 прашок за пециво
300 гр тенки кори
200 гр рендана шунка
масло
Подготовка:
Јајцата се матат, се додаваат сирењето, јогуртот и пецивото. Посолете по желба. На масата раширетете една кора, па до неа додајте уште една само да се поклопат на рабовите.
Двете кори премачкајте ги со масло. На крајот додајте неколку лажици фил при дното, а одозгора покријте со рендана или сечкана шунка.
Полека свиткајте ги двете во ролат. Округла тава намачкајте со масло и првиот ролат свиткајте го во круг во средината. Следната извртете ја околу таа во средина, па продолжете сè до работ на плехот.
Питата премачкајте ја со масло и печете на 200 степени околу 40 минути додека убаво порумени.

Послужете со јогурт или кисело млеко. Пријатно!


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол Андреј Првоповиканиот

Светиот апостол Андреј Првоповиканиот Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар …