Девојка на социјалната мрежа TikTok ја шокираше јавноста со приказната за нејзиното поранешно момче.
Како што истакнала, во тинејџерските денови била толку заљубена што и биле потребни неколку месеци да сфати дека момчето со кое била во врска нема нозе.
– Ако некогаш сте помислиле дека не сте свесни за работата која е очигледна, дозволете ми да ви кажам за времето кога излегував со еден дечко три месеци пред да дознаам дека нема нозе. Се запознавме на родео кога имав 17 години. Штом го видов веднаш ми се допадна и му пријдов. Разменивме броеви и три недели подоцна бевме заедно – рекла таа и додала дека цело време биле неразделни.
Иако не забележала дека нејзиното момче нема нога, почувствувала дека тој нешто крие од неа.
Цело лето носеше долги панталони, па дури и куцаше кога одеше.
Девојката сосема случајно открила дека нејзиното момче не е искрено, а тоа го дознала гледајќи заедничка фотографија од нив двајца.
– Колку повеќе го гледав, толку повеќе мислев дека сум измамена. Ја однесов таа слика на мојот пријател и реков: „Момци, мислам дека моето момче може да има само една нога“, додала девојката.
@postpartumpsycho #greenscreen #YellowstoneTV #ChevyEVSongContest #storytime #fyp ♬ original sound – PostpartumPsycho
Неколку недели откако дознала дека нејзиното момче нема нога, тој самиот признал се и и објаснил дека имал детска парализа. Парот останал заедно после тоа, но нивната љубов траела уште шест месеци, додека девојката не почнала на факултет.
Додека некои веруваа во нејзината приказна, други биле шокирани, па многумина се прашуваа дали девојката ја измислила приказната за да привлече внимание на TikTok и да собере што повеќе лајкови. Што мислите вие?
Фото: Принтскрин/TikTok