(ВИДЕО) Уловиле сом од 185 килограми и во него нашле човечки коски: Се шокирале кога дознале кому припаѓаат!


Во утробата на сом тежок 185. килограми се пронајдени човечки коски, а кога е откриено кому му припаѓаат, многумина останале во шок.
Полските рибари, Алфонс Брзовски и Марек Жднович, капиталецот го уловиле уште пред две години, но нивната приказна сега повторно станала вирална.Имено, во гигантскиот сом, за кого некои се прашуваат дали е и најголем било кога уловен, се пронајдени човечки коски како и нацистичка значка, а после истрагата било откриено дека коските му припаѓале на германски нацист од периодот на Втората светска војна.
Сомот, според процената на биологот бил стар помеѓу 90. и 110. години. Стручњаците не можеле да потврдат дали сомот го убил германскиот нацист или само го изел.

https://www.facebook.com/dailyfishingstories/videos/285728675169086/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Долг список на гости – Папата Лав ги собрал филмските работници во Ватикан

Папата Лав се сретнал со холивудските актери и филмски работници во Ватикан оваа сабота за …