Украинската тенисерка Елина Свитолина се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен, откако денеска во Мелбурн во осминафиналето ја совлада Русинката Вероника Кудерметова со 6:4, 6:1.
Натпреварот го имаше и своето трето полувреме. Украинците се почесто даваат малку налудничави изјави во јавноста каде руските спортисти веќе неколку години се етикетирани како негативци, иако со години молчат и немаат право на глас.
View this post on Instagram
Сега имаме уште еден напад на една Украинка врз руските спортисти, која отворено признава дека ги дели тенисерките по националност или подобро кажано дека е повеќе мотивирана против Русинките отколку другите нации. Така, во низата храбри изјави на украинските спортистки сега се најде и Елина Свитолина која ја победи Вероника Кудерметова.
View this post on Instagram
– Ако не победам, за малку ќе умрам на теренот. Едноставно чувствувам друг мотив против нив, се чувствувам поинаку, ја вложувам целата моја енергија во тој натпревар. Асоцијациите што ги имам со она што се случува во мојата земја се многу горчливи и болни за моето срце. Затоа го имам тој дополнителен мотив. Ниту една Русинка нема лесно да ме победи – изјави Свитолина.
За тоа што избегнува да се ракува со Русинки го вели следново:
– Не гледам дека е можно, бидејќи чувството е страшно. Да се разбудам и да слушнам дека еден од твоите пријатели починал на фронтот е навистина тешко за мене.
Фото: Принтскрин/Instagram